(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Автомобил влета на божиќен пазар во Германија – 100 тина повредени и бројни мртви

Според сведоците, тој возел цик-цак по целиот базар, очигледно за да прегази што повеќе посетители. Кога се обидел да се сврти, го сопреле и уапсиле полицајци. Засега нема информации за идентитетот на осомничениот напаѓач.

Во германскиот град Магдебург се случи немил настан, пренесуваат германските медиуми. Тие наведуваат дека автомобил влетал на локалниот божиќен пазар, а според локалните медиуми има над 80тина повредени и 15 мртви.

Засега надлежните немаат излезени со точни податоци за немилиот настан. „Во тек е обемна полициска операција. Пазарот е затворен“, кажаа локалните власти.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава