Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Патување

Зошто мора да го посетите градот што го доби епитетот “Фантазија на Скандинавија”?

31.08.2024 20:45
ФОТО:МакедонијаДенес
Сподели

Иако летото календарски уште трае, а рака на срце и високите температури сеуште се тука, сепак, туристите како полека да завршуваат со летните одмори и се насочуваат кон работните обврски. За оние пак кои и не толку уживаат во морето и песочните плажи, со нетрпение ќе очекуваат да заминат на прошетка во некоја од европските метрополи. Додека, постојат и такви коишто сакаат да направат комбинација од море,  шопинг, шетање, уживање. Токму за нив, денешната прошетка ќе биде вистински предизвик за уживање низ долгите, шарени и “распеани” улици во  еден од најубавите градови во Европа, којшто го нарекоа “Фантазија на Скандинавија” – Копенхаген.

Contents
Зошто баш Копенхаген?Што треба да видите во Копенхаген?ФОТОГАЛЕРИЈА▶ Случајно видео

Зошто баш Копенхаген?

Самите епитети кои му се дадени на градот, кажува за неговата важност, убавина, шармантност: Фантазија на Скандинавија, Северна Венеција, Северен Истанбул, историски музеј на Европа и сл. Се претпоставува дека овде живеат најсреќните луѓе, кои и тоа како има со што да се гордеат. Уште при првото пристигнување, ќе наидете на раскошна архитектура, дворци, палати, фасади со живи бои и ред други знаменитости кои се инспирација за многу бајки…Шармантниот Копенхаген кој во превод би значел трговско пристаниште или место за трговија.

Што треба да видите во Копенхаген?

Се ! Целиот град изобилува со воздишки, почнувајќи од Tivoli Gardens најпознатиот забавен парк во Европа, новото пристаниште – Niheven кој е еден вид обележје на градот, дворецот Rosenborg, Кралската палата Amalienborg, Christianborg Palace односно палатата каде се наоѓа Данскиот парламент, Операта што се наоѓа на самиот морски брег, фамозната црква Church of Our Saviour која е позната по својот спирален облик и кружните скалила по кои можете да стигнете до самиот врв, кружната кула во центарот на градот, “Малата сирена” со која фотографирањето е “задолжително”, пешачката зона која е една од најстарите на светот…

Банер Банер BrandEcho

Сепак потребно е да се знае дека неодамна Копенхаген се најде на листата на најскапи градови во Европа. Овде еден ручек за двајца во ресторан просечно би изнесувал околу 107 евра. Кога сме веќе кај рестораните, а што е интересно за нас, тоа е дека токму овде се наоѓа еден од најелтните ресторани Noma кој три години по ред (2010, 2011, 2012) беше прогласен за најдобар ресторан во светот, а верувале или не тој е во сопственост на Рене Реџепи кој е дански државјанин со македонско потекло. Најтопло ви препорачуваме да не заминете без да ги вкусите добро познатите дански пива tuborg и karlsberg кои ќе ги најдете во бројните пивници, уживајќи истовремено и во мелодијата на данската музика. Доколку не сте љубители на пивото, одморете со преубаво капучино и некои од познатите “дански пецива” или сендвичите со многу креативни слоеви. Копенхаген  има премногу кафулиња кои се идеално место за да земете здив од долготрајните прошетки. Доколку сакате да ви помогнеме при изборот на кафуле каде што истовремено ќе уживате и во вкусот на кафето и во погледот, ви го предлагаме Original coffe којшто се наоѓа во “срцето” на градот. Градот не е голем, така што секаде можете да се движите пешки, а доколку мислите дека тоа нема да можете да го постигнете, изнајмете велосипед од  кое било место во градот. Плаќањето се врши исклучиво со картичка, така што трчањето по менувачници нема да биде потребно.

И доколку мислите дека сето ова ви е малку, “тркнете” на еден ден до Малме, којшто е оддалечен на само половина час возење. Малме е еден од најразвиените центри на Шведска и е трет по населеност. Овие два града а истовремено и двете држави Данска и Шведска се поврзани со Ересундскиот мост којшто е долг 25км, комбинација од мост и тунел а истовремено претставува и еден од најдолгите во светот. Повратна карта со воз би ве чинело околу 20 евра.

За крај, не заборавајте да си резервирате карта навреме. За само два часа и дваесет минути авионски лет и веќе сте таму. На враќање понесете некои од сувенирите кои ги има во изобилие. И нормално, кога и да решите да го посетите Копенхаген, убаво ќе си поминете !

ФОТОГАЛЕРИЈА

ФОТО:МакедонијаДенес

 

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →
Банер

Може ќе ви се допадне

Овие 5 европски дестинации се поевтини од кафе во Скопје – а изгледаат како рај!

Албанија се попривлечна дестинација, за два месеца ја посетиле еден милион туристи

Расте интересот за одмор во Македонија: Популарни дестинации и совети за патување

Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа

Македонците ги одбраа – најпопуларните летни дестинации за 2024 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Распишан конкурс за избор на европски престолнини на паметниот туризам за 2026 година

БалканПатување

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Рајанер ги повикува европските власти да забранат продажба на алкохолни пијалоци на аеродромите

Македонците ги избраа најпопуларните дестинации за оваа зима

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?