Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: ADAC: Електричните автомобили сѐ уште поскапи за возење од бензинците и дизелашите
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » ADAC: Електричните автомобили сѐ уште поскапи за возење од бензинците и дизелашите
Uncategorized

ADAC: Електричните автомобили сѐ уште поскапи за возење од бензинците и дизелашите

17.05.2025
Share
SHARE

Иако цените на електричните возила полека паѓаат, тие сѐ уште не се најисплатлива опција за секојдневна употреба, покажува најновата анализа на германскиот авто-клуб ADAC. Истражувањето направено во април ги споредува вкупните трошоци за поседување и возење на електрични автомобили, plug-in хибриди и возила со мотори со внатрешно согорување (СУС), при што електричните модели во поголемиот дел од сценаријата се покажале како поскапа алтернатива.

ADAC ги пресметал сите релевантни трошоци – набавна цена, потрошувачка, одржување и амортизација – и утврдил дека бензинските и дизелските автомобили најчесто се поисплатливи. Причините се повисоките трошоци за полнење на јавни станици и стабилните, релативно ниски цени на бензин и дизел.

Клучен фактор е и местото на полнење: сопствениците на електрични автомобили кои имаат фотонапонски систем дома и полнат со евтина струја (околу 18 центи по kWh), имаат значително пониски трошоци од оние што зависат од јавната инфраструктура, каде цените достигнуваат и до 60 центи по kWh.

Ad image

ADAC направи споредба на четири различни сценарија:

  • 18 центи/kWh (соларно полнење): електричните возила се поисплатливи кај 36% од моделите

  • 35 центи/kWh (стандардна домашна тарифа): 28% од моделите имаат пониски трошоци од СУС

  • 45 центи/kWh (мешано полнење): само 22% се поисплатливи

  • 60 центи/kWh (исклучиво јавно полнење): електричните возила победуваат во само 16% од случаите

Заклучокот на ADAC е дека електричните автомобили ќе станат вистински конкурентни дури кога ќе се намалат и цената на електричната енергија и почетната цена на самите возила.

You Might Also Like

Од Зад Грб

Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ 9.5.2025

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ 14.3.2025

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 7.2.2025 (петок), 21:30

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?