Во Скопје приведен 22-годишен државјанин на Турција

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.К. (22) од Република Турција поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, на 17 мај 2026 година во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој доброволно им предал марихуана.

По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава