Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Сподели

Москва, 15 април 2025 (МИА) – Рускиот суд синоќа пресуди дека државјанин на САД не може кривично да одговара за своите постапки во врска со нападот на полицаец и го префрли на лекување во руска психијатриска болница, соопшти Градскиот суд во Москва.

Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со инцидентот. Тој е во притвор од август минатата година.

Судот донесе одлука да му бидат изречени „задолжителни медицински мерки во медицинска установа која обезбедува психијатриска нега“.

- Advertisement -

Во претходната судска одлука беше објавено дека на Татер му било дијагностицирано ментално растројство кое бара болничко лекување.

Тој првично беше приведен и затворен на 15 дена за ситно хулиганство, откако беше обвинет за злоупотреба на вработени во хотел во Москва – тврдење кое обвинетиот го негираше. Татер потоа нападнал полицаец, што доведе до ново кривично дело.

Според овие информации, Американецот влегол во Русија со намера да побара политички азил, наведувајќи дека не се смета себеси за државјанин на САД и дека е прогонуван во САД. Тој побара и од присутните дипломати на рочиштето да ја напуштат просторијата.

Татер е еден од неколкуте американски државјани приведени во Русија под различни обвиненија.

Минатата недела руските власти ја ослободија Ксенија Карелина, американска и руска државјанка, која беше осудена на 12 години затвор за донирање во добротворна организација за поддршка на Украина.

Таа беше разменета за Артур Петров, државјанин со германско и руско државјанство, кого САД го обвинија дека создал глобална шверцерска мрежа за продавање електроника на руската војска.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најмалку 14 загинати и над 200 повредени од тајфунот „Јаги“ во северен Виетнам

Трамп собра над 50 милиони долари за една ноќ за неговата кампања

Скандал во Улцињ: Наставник уапсен за сексуално вознемирување на деветгодишна ученичка

Албанската полиција уништи 8,6 илјади стебла марихуана

Ужасни загуби на Украина: 3,900 војници уништени за само една недела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш – 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете

Свет

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Свет

Хамас потпиша договор со Фатах во Кина, повика на „национално единство“

Свет

Панама: Демократската партија остро ја осудува американската агресија кон Венецуела

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?