Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови

04.09.2024 15:20
Сподели

Канбера, 22 авгyст 2024 (МИА) – Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија.

Инталацијата „Австралија – Азија пауер линк“ (Australia – Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија – доволна за напојување три милиони домови. Според австралиската министерка за животна средина, Тања Плиберсек, проектот ќе вклучува сончеви панели, батерии, но и посебен кабел што ќе ги поврзува Австралија и Сингапур со цел извоз на вишокот енергија.

Банер Банер BrandEcho

„Овој огромен проект претставува дел од инфраструктурата што ја дефинира оваа генерација. Тоа ќе биде најголемата сончева станица во светот, најавувајќи ја Австралија како светски лидер во зелената енергија“, рече министерката.

Проектот го инсталира компанијата за обновливи извори на енергија, „Санкејбл“ (SunCable), со финансиска помош од милионерот Мајк Кенон-Брукс. Тоа ќе значи директно и индиректно отворање 6.800 до 14.300 работни места – за првите 35 години од работењето. Испораката на електрична енергија се очекува во 2030-тите.

Австралија е еден од најголемите извозници на јаглен и гас во светот, но низата природни катастрофи последниве години, како што се поплавите и пожарите, ја натераа новата Влада да се сврти кон поеколошки извори на енергија. За две години беа почнати 55 проекти за обновлива енергија, коишто засега се доволни за напојување на речиси седум милиони домови.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кина забележува рекорден раст на извозот во ноември: Како се менува глобалната трговија?

Вредноста на германскиот извоз во октомври падна за 2,8 отсто на 124,6 милијарди евра

Русија објави нови план за стабилизација на буџетот

Кризата на Microsoft: Пад на акциите поради загриженост за инвестициите во вештачка интелигенција

Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Дали инфлацијата во Јужна Кореја конечно се смирува?

Бизнис и Економија

ЕУ постигна значаен трговски суфицит од 146 милијарди евра во 2024 година

Бизнис и Економија

Од вселена до вештачка интелигенција – како Маск заработи 84 милијарди за неколку месеци?

Бизнис и Економија

Мадагаскар би можел да изгуби околу 60.000 работни места во текстилната индустрија поради царините на Трамп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?