Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Балтичките земји се одвојуваат од рускиот систем и се подготвени за поврзување со електричната мрежа на ЕУ

25.01.2025 00:50
Сподели

Рига, 24 јануари 2025 (МИА) – Балтичките земји денеска соопштија дека се добро подготвени да ја поврзат својата електрична мрежа со Западна Европа и да се одвојат од рускиот систем, потег што се планира да се случи за две недели.

– Ние сме подготвени на сите нивоа да ја завршиме синхронизацијата, рече летонскиот министер за клима и енергија, Каспарс Мелнис, по денешниот состанок во Рига со неговиот литвански колега Зигимантас Ваициунас и Јоко Алендер од Естонија. „Се оди според планот“, додаде тој.

Естонија, Летонија и Литванија планираат на 8 февруари да се исклучат од електричната мрежа со Русија и Белорусија, на кои им припаѓаат од историски причини уште од советско време.

Банер Банер BrandEcho

Трите земји од ЕУ и НАТО се надеваат дека овој потег ќе ја зајакне нивната енергетска безбедност.

Ваициунас зборуваше за „историски проект“ чија цел е да се осигура дека енергијата не може да се користи како оружје против државите на Балтичкото Море.

Ad image

Алендер исто така нагласи дека синхронизацијата со Европа е со цел да го направи балтичкиот енергетски систем независен од руската контрола.

Синхронизацијата значи дека фреквенциите на ротација на генераторите во балтичките и континенталните европски електроенергетски системи ќе бидат усогласени.

– Сакаме струја да тече само меѓу партнери на кои целосно може да им се верува, рече таа.

Сите тројца министри рекоа дека мерките за безбедност на електричните мрежи и другата критична енергетска инфраструктура се зајакнати во пресрет на синхронизацијата.

Во последниве месеци во балтичките земји беше зголемена внимателноста по серијата инциденти во кои беа оштетени цевки и кабли во Балтичкото Море.

Министрите за енергетика рекоа дека промената на мрежата треба да помине незабележано од потрошувачите на електрична енергија и не очекуваат тоа да има некое значително влијание врз цената на електричната енергија.

Од Јасмина Тасевска /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Израел тврди дека во Бејрут го убиле лидерот на Хезболах

Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД

Чешка во нова политичка ера: Бабиш доби шанса за нова влада

Санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија повторно одложени

ОН алармира: Економската катастрофа на Газа и Западниот Брег достигнува нови димензии

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Хондурас се закани дека ќе ги затвори американските бази на нејзина територија доколку Трамп масовно депортира негови граѓани

Свет

Франција ја губи својата стратегиска независност во нуклеарната одбрана

Свет

Европол разби голема хакерска мрежа

Свет

Шокантна стратегија на албанските наркокартели: Како се плаќаат до 300.000 евра за опасни операции

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?