Без вода дел од улицата „Коце Металец“ во Железара

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) – Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од на дел од улица „Коце Металец“ во населбата Железара.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затворач и хидрант од Ф-80мм на улицата „Коце Металец“ бр. 30.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Од Даниела Маркоска-Алексовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава