Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Кичево: Форум за културен дијалог како основа за локален развој

23.05.2026 08:55
Сподели

Во Општина Кичево, во салата на Советот, се одржа значаен интеркултурен форум кој ги обедини гласовите на немнозинските заедници. Настанот, организиран во соработка со Форумот на немнозинските заедници во Република Македонија, имаше за цел да поттикне културната различност, меѓусебното почитување и заедничкото градење на инклузивно општество.

Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, во своето обраќање ја истакна важноста на културниот дијалог како основа за локален развој и социјална кохезија. Тој нагласи дека Кичево е град со богато мултикултурно наследство, каде различностите не се само предност, туку и мост на заедништво.

На форумот присуствуваа бројни значајни личности, вклучувајќи го екс премиерот Емил Димитриев, заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски и Националниот координатор за меѓуетничка соработка Салко Куч. Настанот го водеше Наташа Станчиќ, а координаторот на Форумот, Братислава Танасковиќ, ја истакна мисијата на Форумот за промоција на правата и интересите на немнозинските заедници.

Ad image

Посебен акцент на форумот беше ставен на младите луѓе, кои преку свои успеси и ангажман придонесуваат за афирмација на меѓусебното разбирање и соработка. Градоначалникот Јовановски додели сертификати и признанија на млади активисти, како симболично признание за нивниот труд и посветеност.

Банер Банер BrandEcho

Форумот беше организиран во духот на одбележувањето на 21 Мај – Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој, со цел да се поттикне свеста за значењето на културните разлики и дијалогот. Кичево, како град познат по својата културна разновидност и традиција на меѓусебно разбирање, уште еднаш потврди дека различностите не нè делат, туку нè зближуваат.

Општина Кичево останува посветена на поддршка на иницијативи кои ја унапредуваат културата, дијалогот и активното учество на сите заедници во локалниот развој. Со почит кон секоја култура и заедничка визија за подобра иднина, Кичево продолжува да гради мостови на соработка и доверба.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Општина Кочани

Честитка од градоначалникот по повод големите празници: Успение на Пресвета Богородица, Свети Јоаким Осоговски и Денот на рударите

Одржана 19-та меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Битола добива нова боксерска сала: Спортска иднина во завршна фаза

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Без вода дел од општина Карпош

Локално

Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје

Локално

Во Општина Центар отворена нова градинка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?