Без вода корисниците од улица „474“ во населба Црниче

Скопје, 9 август 2024 (МИА) –  Без вода денеска од 8:40 часот се дел од корисниците лоцирни на улица „474“ во населба Црниче.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  дефект на затварач (огрлица) Ф80мм на улица „474“ бр.12 во населба Црниче.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Од Даниела Маркоска-Алексовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава