Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ФОТО: МВР

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите дека наводно се запалил брод во Охридското езеро и дека во тек е евакуација. Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот “До вас, за вас”.

Апелираме да не се шират невистини кои предизвикуваат несигурност кај граѓаните.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава