До редакцијата на Македонија Денес пристигна демант од страна на Јавната установа Национален пак „Маврово“, кој се однесува на видео споделено на Фејсбук страницата на Македонија Денес.
Во насока на демантот, кој го објавуваме во продолжение, во целост, редакцијата на Македонија Денес јавно се извинува на установата како и на сите жители поради ненамерната, и без намера тенденциозна грешка.
„Почитувани,
Јавната Установа Национален парк Маврово, ги отфрла сите обвиненија кои
беа објавени преку видео на интернет порталот Македонија Денес, по насловот: „Во
Националниот парк Маврово интензивно се сечат дрвата”.
Имено, сите обвиненија дека интензивноно се сечат дрвата во Националениот парк Маврово се невистинити и претставуваат апсолутни инсинуации затоа што сите активности кои се спроведуваат во шумските екосистеми се во согласност со планските документи кои се изработуваат и одобруваат согласно Законот за заштита на природата, Законот за шумите и подзаконските акти.
Исто така сакаме да ја известиме јавноста дека секоја активност во шумските екоситеми е контролирана од Инспекторатот за шумарство и ловство а против сите евидентирани прекршители на законот се поднесуваат прекршочни или кривични пријави. Во однос на објавеното видео, известуваме дека сечата на дрва е спроведена за расчистување на паднати и искршени дрва од снеголом што претставува вондредна сеча заради временски неприлики кои го зафатија Маврово во месец 10/2025 година и за истото е извршен инспекциски надзор од Инспекторатот за шумарство и ловство составен е записник бр 155-58.
Имајќи во предвид дека пракса во новинартсвото е, пред да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, што во овој случај не е запазено, затоа што во конкретниов случај не е побарано мислење од Ј.У.Н.П. Маврово за оваа вест, бараме нашиот демант да се објави во целост на вашиот интернет портал, да се извините и јавно да ја повлечете содржината согласно член 12 и член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (Сл. Весник на РСМ бр. 251/22), во спротивно ќе бидиме приморани да постапиме според позитивните законски прописи во РСМ.
Со почит!“

