Денеска истекува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) – Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите од даночните обврзници за периодот јуни 2024 (месечни) и април-јуни 2024 (тримесечни) истекува денеска, соопштија од Управата за јавни приходи (УЈП).

Досега 76 проценти од даночните обврзници ја исполниле оваа обврска и навреме ја поднеле пријавата ДДВ-04, останува уште 24,6 проценти даночни обврзници да ја остварат оваа обврска утре.

– Управата за јавни приходи уште на самиот почеток на овој месец ги објавуваше бројките на поднесените пријави и упатуваше апел кон даночните обврзници за нивно поднесување. Поднесувањето е електронско и може да се поднесе во било кој период од денот, а постојаниот мониторинг на системот на УЈП придонесе поднесувањето на пријавите да се одвива без застој. Неподнесување на ДДВ -04 и неплаќање на ДДВ долгот во законски пропишаниот рок создава последици за даночните обврзници од плаќање глоба, се наведува во соопштението од УЈП.

Од Цветанка Миновска Извор МИА

Сподели ја оваа објава