Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Музика и филм

Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Опенхајмер“

11.03.2024 07:26
Сподели

Лос Анџелес, 11 март 2024 (МИА) – Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел.

„Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика.

Банер Банер BrandEcho

Вредните статуетки за главна и споредна женска улога отидоа, соодветно – кај Ема Стоун (за филмот „Бедни суштества“) и Дејвин Џој Рендолф („Останатите“). „Бедни суштества“ ги освои и трите „Оскари“ за продукциски дизајн, шминка и фризура и за костимографија.

Најдобро оригинално сценарио, според Академијата, е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије. Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.

Ad image

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Зона на интерес“ (The Zone of Interest) продуциран во Обединетото Кралство и Полска. Ова остварување ја освои и наградата за звук.

Одличјето за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“ од Јапонија.

Најдобра филмска песна е „What Was I Made For?“ на Били Ајлиш од филмот „Барби“

Најдобар цртан филм, според американската Академија, е јапонскиот „Момчето и Херон“. Најдобар краток филм е „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“. За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Војната е завршена“.

Најградата за документарен филм му припадна на режисерот Мстислав Чернов за „20 дена во Мариопољ“. Најдобар краток документарец е „Последниот дуќан за поправки“ на Бен Праудфут и Крис Бауерс.

Од: Магдалена Ристоманов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„30 години Пука Козметика“ – подготовките во тек

Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Никол Кидман и Зак Ефрон во нов филм на „Нетфликс“

84 години од раѓањето на Ристо Шишков – еден од најголемите македонски актери

Македонски песни на Југовизија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

ЛокалноМузика и филм

Од 23 јули до почетокот на август „Скопје вибрира“ со изложба, музика, филм

Музика и филм

Џејмс Блант: „You’re Beautiful“ не е никаква романтична песна

Музика и филм

Сојузот на Борци на Скопје против Бора Чорба – што сакал да каже со песната „На западу ништа ново“?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?