Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ЕК предлага продолжување на привремената заштита на бегалците од Украина до 2026 година

11.06.2024 12:33
Сподели

Брисел, 11 јуни 2024 (МИА) – Европската комисија денеска донесе одлука да му предложи на Советот на ЕУ продолжување на мерката за привремена заштита на лицата кои бегаат од руската агресија врз Украина за уште една година од 5 март 2025 година до 4 март 2026 година, информира портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд.

– Со оглед на континуираните руски напади врз цивилната и критичната инфраструктура низ Украина, во моментов не постојат сигурни и издржливи услови за враќање на овие лица во Украина. Оттука, Комисијата смета дека причините за привремената заштита и натаму постојат и дека таа треба да се продолжи за уште една година, како неопходен и соодветен одговор на актуелната состојба, додаде Виганд.

Крајната цел на оваа мерка е да се осигура дека сите оние кои бегаат од руската агресија врз Украина ќе можат да најдат заштита во ЕУ, како и да им се обезбеди што е можно поголема сигурност на речиси 4,2-те милиони Украинци кои се опфатени со привремената заштита.

Банер Банер BrandEcho

Мерката за привремена заштита и овозможува непосредна заштита на овие лица и остварување на правата за престој, пристап до пазарот на трудот, сместување, социјална помош, медицинска и друга помош во ЕУ. Од друга страна, со неа им се овозможува на земјите-членки да се справуваат со бегалците од Украина на соодветен и ефективен начин.

Предлогот за продолжување на мерката ќе биде претставен в четврток на заседанието на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, кој треба официјално да го усвои.

ЕУ ја воведе привремена заштита за бегалците од Украина на 4 март 2022 година со едногласна одлука на земјите членки. Таа беше автоматски продолжена за една година и дополнително уште во два наврати до 4 март 2025 година. Во моментов со неа се опфатени речиси 4,2 милиони раселени лица од Украина, од кои една третина се деца.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Празни градинки во Берлин: Како падот на наталитетот ја менува иднината

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Неверојатно! Лекарите во Германија спасуваат бебе од само 300 грама!

Европа инвестира 9,2 милијарди евра за иновации и одржлив развој

Ирак ослободен од ограничувања за премин низ Ормускиот теснец

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Млад падобранец загина за време на тренинг

Свет

Данска премиерка му одговори на Трамп: Не заканувајте се со освојување на Гренланд!

Балкан

Росатом е подготвен да и понуди на Србија мали и големи нуклеарни централи

Свет

Нов Зеланд соопшти дека е блиску до потпишување нов договор за соработка со НАТО

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?