Филипче: Сашко Митовски е идеалниот кандидат за нов мандат во Крива Паланка

Извор: sdsm.org.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази уверување дека партијата ќе оствари победа во Крива Паланка со актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Сашко Митовски. „Сметам дека Сашко заслужува да биде повторно избран од граѓаните на Крива Паланка“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека Крива Паланка е единствен град во државата кој доживеа значајна трансформација за време на мандатот на Митовски. „Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката и убав плоштад за настани“, додаде Филипче.

Филипче истакна дека Сашко е пример за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив и отворен за сите, без дискриминација по ниту една основа, вклучувајќи ја и партиската. „Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде голема победа за сите граѓани на Крива Паланка“, заклучи претседателот на СДСМ.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава