Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Грузиската претседателка Зурабашвили даде поддршка за членството на земјата во ЕУ

21.10.2024 13:45
Сподели

Тбилиси, 21 октомври 2024 (МИА)  – Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера на собирот на илјадници поддржувачи пред парламентарните избори испрати порака за поддршка за членство во ЕУ.

Таа порача дека собраните на централниот плоштад во Тбилиси ја претставуваат слободна Грузија.

„Овде денес е општеството и луѓето, Грузијците, кои одат во Европа“, рече Зурабишвили, која ја повика толпата да гласа против партијата Грузиски сон.

Ad image

Како што јавуваат странските агенции, изборите закажани за 26 октомври може да се сметаат за тест дали Грузија ќе се врати во руската орбита или ќе ја задржи својата прозападна ориентација.

Банер Банер BrandEcho

ЕУ минатата година ѝ додели на Грузија кандидатски статус за членство, но односите значително се влошија откако партијата Грузиски сон го усвои законот за „странски агенти“ во мај, што според критичарите е доказ за свртување кон Русија.

Поддржувачите на четирите главни прозападни опозициски групи, кои ќе одат на избори следниот викенд, се собраа вчера на Плоштадот на слободата во грузискиот главен град.

Зурабишвили, која има главно церемонијални овластувања, беше избрана во 2018 година со поддршка на партијата Грузиски сон, но оттогаш стана една од нејзините најжестоки критичари. Таа се обиде да посредува до договори меѓу опозициските групи за да го собори Грузиски сон, за кој критичарите во Грузија велат дека ги нарушува изгледите на земјата за членство во ЕУ.

Анкетите покажуваат дека Грузиски сон сè уште е најпопуларна партија во земјата, иако изгуби одредена поддршка од 2020 година, кога освои речиси 50 отсто од гласовите и тесно парламентарно мнозинство.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование за исполнување на четвртото барање на студентите

Трамп најави мерки против Колумбија

Протести во САД: Граѓаните бараат крај на воените напади врз Иран

Гори кулата на готската катедрала во францускиот град Руан

Бразил отвора врати за кинеските граѓани: Безвизни режим за кратки патувања!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Европската Унија ја истакнува важноста на демократијата во современиот свет

Свет

САД и Јужна Кореја: Заедничка стратегија против заканите од Северна Кореја

Свет

Трилионска војна: Иранскиот министер за надворешни работи предупредува на економската катастрофа на САД

Балкан

На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?