Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Холандија: Одлуките во следните недели ќе ја обликуваат следната деценија
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Холандија: Одлуките во следните недели ќе ја обликуваат следната деценија
Свет

Холандија: Одлуките во следните недели ќе ја обликуваат следната деценија

12.03.2025
Share
SHARE

Париз, 11 март 2025 (МИА) – Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека Украина не смее да прифати договор што би можел да доведе до нова војна во иднина. Тој истакна дека чекорите што ќе бидат преземени во следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за наредните пет до десет години, пренесува британски „Гардијан“.

Брекелманс денеска учествува на конференција на воени претставници во француската престолнина Париз.

– Претседателот (Володомир) Зеленски не смее да се согласи на договор кој би можел да доведе до некаков облик на граѓанска војна, додека врз земјата постојано виси закана од можна идна агресија. Тој треба да преговара од позиција на сила, порача холандскиот министер.

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин јасно ставил до знаење дека Украина не е неговата последна цел во обидот да го врати империјалното минато.

– Тој ќе продолжи со агресивни, офанзивни напори за зголемување на влијанието и територијата на Руската Империја, во насока на својата визија за обновување на ‘Рускиот свет’. Тоа е сон за Путин, а кошмар за остатокот од Европа, рече Брекелманс.

Министерот додаде дека „време е Путин да биде разбуден и да сфати дека неговите соништа не се реалност“.

– Без разлика колку е сурова војната, Украинците не можат да бидат замолчени. Тие се борат на првата линија на нашата слобода и безбедност против руската тиранија и агресија. Ова е линијата на фронтот на слободата и безбедноста на Европа, нагласи Брекелманс.

Тој се осврна и на неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за НАТО, истакнувајќи дека Алијансата е создадена во 1949 година за да спречи идни војни преку заедничка сила.

– Кога денеска минуваме низ влезот на седиштето на НАТО, од левата страна гледаме големо парче од Берлинскиот ѕид – симбол на крајот на Студената војна, а од десната страна – искривено парче челик од Кулите близначки, потсетник на 11 септември и последиците од тероризмот. Тоа е и потсетник за нашите американски сојузници кои бараа помош, и за европските кои одговорија на тој повик, рече тој.

Во заклучок, Брекелманс постави прашање какви воени реликвии ќе стојат до тие споменици за пет до десет години.

– Ќе биде ли тоа парче бетон од станбена зграда во Харков? Или дел од интернет-кабел од Северното Море? Тоа не можеме да го предвидиме, но веќе знам дека нашите постапки во овие денови и недели ќе бидат одлучувачки за следните пет до десет години, заклучи Брекелманс.

Во меѓувреме, украинската и американската делегација денеска започнаа преговори во Џеда, Саудиска Арабија, со фокус на патот кон мирот и украинско-американските односи, потсетува „Укринформ“.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Малезија уапси стотици лица во истрага за злоупотреба на деца

Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции

Руски хеликоптер со 22 лица исчезна на Камчатка

Во Јужна Каролина извршена прва смртна каза по 13 години

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?