Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Семејство и деца

Истражување: За жената, мажот предизвикува повеќе стрес отколку децата

04.08.2024 04:31
Сподели

Лос Анџелес, 31 јyли 2024 (МИА) – Според ново истражување, сопрузите им предизвикуваат на жените повеќе стрес отколку децата, се вели во напис објавен во списанието „Тудеј“ (Today).

Жените се соочуваат со многу предизвици. За мајката, најкомплексниот животен процес, каде што таа се прилагодува на темелни промени во своето тело и психа, почнува со породувањето. Тој психички товар, пак, понекогаш може да доведе до тн. родителско согорување. Испитувањето опфатило 7.000 мајки од кои било побарано да го пријават нивото на стрес, и просечното ниво на стрес покажало 8,5 / 10… Но, најголем пријавен стрес за една мајка, е – сопругот.

За 46 отсто од испитаничките, мажот е поголем извор на стрес отколку децата. Џорџина Стармер, специјализирана советничка за двојки, дава можно објаснување за тоа.

Банер Банер BrandEcho

– Кога станува збор за маж и жена, или кој било модел на заедничко родителство, динамиката може да се чувствува како поместување песок… Како неурамнотежена „борба за моќ“. Можеби ги прифаќаме улогите „добар полицаец“ и „лош полицаец“. Можеби не може да се договориме какви родители да бидеме. Можеби има и лутина или огорченост со влечење на тој товар на домашната работа. Или во одлуките за парите, домот, дружењето и многу други нешта. Има толку многу можни предизвикувачи на раздор, и често сме уморни или обземени од физичкиот и менталниот товар на сè што треба да се направи, што понекогаш, наместо да наидеме на поддршка од нашиот партнер во родителството, всушност го чувствуваме (сопругот или сопругата) како дополнителна тежина во нашиот живот, појаснува Стармер.

Секоја петта испитаничка вели дека недостатокот на поддршка од партнерот е огромен извор на секојдневниот стрес.

Ad image

– Има вообичаена шема за тоа што сè кај еден родител го излудува другиот. Можеби тоа е машината за миење садови, доцните излегувања или трошењето пари. Некои од овие приговори можеби понекогаш имаат хумористичен тон… Но, ако редовно се чувствувате вознемирени, иритирани или лути, кажете јасно што навистина се случува, додава терапевтката.

Комуникацијата, се вели, е клучна за двајцата. Но, со тивок, смирен разговор, наместо удирање врати, кавги и навреди. И – бидете отворени за „повратни информации“.

– Значи, едно е да разбереме што се случува и да почнеме да зборуваме, но другиот дел е да признаеме дека и нашиот партнер можеби има нешто да каже. За да продолжиме напред, треба да бидеме отворени за неговите / нејзините конструктивни забелешки, вели Стармер.

Важно е, се нагласува, да уживате еден во друг. Кога двојка има деца, лесно се губи чувството за тоа кои сме. Нашиот идентитет станува подреден на идентитетот на мајка, татко, родител – со задача да се грижи за децата. Но, и тој личен идентитет на возрасните е битен. Совет за крај: Да се ​​потсетиме на работите што ни се допаѓаат еден со друг, да се забавуваме заедно, да размислуваме за средбите и интимноста, дури и кога тие работи се „во втор план“, привремено.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Коалицијата за заштита на децата со остри критики за сеопфатното сексуално образование

Како да поставите здрави граници со вашите деца: Клучот за успешен однос

„Не те напуштив, сине.“ – Емотивна исповед на татко разделен од своето дете

Највозрасното дете во семејството е „роден лидер“ во животот

Дубалките може да бидат опасни за децата, предупредуваат педијатри

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Семејство и деца

Холандија и Данска се најдобри земји за деца

Семејство и деца

Зошто присуството на таткото е важно за развојот на децата?

Семејство и деца

Дали модерните родители всушност ги уништуваат иднината на своите деца?

Семејство и деца

Дали го уништувате детството на вашите деца? Откријте ги најчестите грешки што ги прават родителите денес!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?