Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

26.09.2024 12:35
Сподели

Тел Авив/Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) – САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се вели дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација.

„Повикуваме на итен 21-дневен прекин на огнот долж либанско-израелската граница за да се отвори простор за дипломатија“, се вели во соопштението и се додава:

Банер Банер BrandEcho

„Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да прифатат привремен прекин на огнот“, се додава во соопштението.

Високи американски претставници рекоа дека очекуваат договор за прекин на огнот да биде постигнат „во следните неколку часа“ долж израелско-либанската граница.

Зборувајќи со новинарите доцна во ноќта за време на итен телефонски брифинг, претставници на американската администрација рекоа дека макотрпната дипломатија зад сцената резултирала со близок договор меѓу двете страни, пишува Скај Њуз.

„Примирјето ќе трае 21 ден по Сината линија (линијата на разграничување што го дели Либан од Израел и Голанската висорамнина), изјави амњериканскиот претставник.

„Во текот на тие 21 ден, страните ќе преговараат за можно решение на конфликтот што опстојува по нападот на Хезболах на 8 октомври и ќе се обидат да постигнат сеопфатен договор по Сината линија што ќе им овозможи на жителите да се вратат во своите домови во Либан и Израел“.

Официјалниот претставник нагласи дека овој предлог за прекин на огнот се однесува само на северната граница и не ја вклучува Газа, каде што продолжува израелската воена офанзива против Хамас, но дека паузата во борбите меѓу Израел и Хезболах ќе создаде „простор“ за напредок во Газа.

„Обезбедува одредено време и простор да се обидеме да постигнеме договор во Газа, по линијата на договорот за заложници за кој разговаравме“, рече американскиот функционер.

„Сметаме дека, без оглед на тоа што се случуваше на бојното поле во последните неколку дена, моментот за постигнување дипломатско решение е сега“, додаде тој.

„Најавивме 21-дневен прекин на огнот долж израелско-либанската граница. Успеавме да добиеме значителна поддршка од Европа, како и од арапските земји… важно е војната да не се прошири“, коментира Бајден.

Официјални лица рекоа дека Хезболах нема да биде потписник на примирјето, но веруваат дека либанската Влада ќе го координира договорот со групата.

Од Сашко Димевски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија предупредува: Конфискацијата на имотот ќе донесе последици за ЕУ

Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии

„Да не се патува во Хрватска“ – неочекувана порака од МНР на Србија

Територијална размена, но со територија од Русија

Мелони: Пријателството помеѓу Италија и САД бара почитување

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Куба ја обнови електричната мрежа по третиот целосен прекин во март

Балкан

Србија и Израел отвораат заедничка фабрика за дронови близу Белград

Ким Џонг-ун нареди највисоко ниво на борбена готовност: Армијата мора да биде подготвена за војна

Свет

Венс: Иран би испаднале глупи ако ги остави преговорите да пропаднат поради Либан

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?