Jeep Avenger разочара на краш тестот – освои само три ѕвездички (ВИДЕО)

Најновиот модел на Jeep, Avenger, освои само три ѕвезди на краш тестот на EuroNCAP.

Симпатичниот мал кросовер најдобар перформанс оствари во однос на безбедноста на возрасните од 79%. Во однос на безбедноста на децата освои 70% додека во однос на безбедноста на пешаците само 59%. Најслаб перформанс оствари во однос на безбедносната асистенција и тоа од 53%.

Со овој скор, Jeep Avenger им се приклучува на Dacia Duster и Suzuki Swift кои се единствените автомобили годинава кои освоија само по три ѕвезди.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава