Како храната и пијалаците влијаат на дејството на лековите?

Можеби знаете дека некои лекови не смеат да се комбинираат меѓу себе, но дали сте знаеле дека и она што го јадете и пиете може да влијае на нивната ефикасност? Пред првпат да го земете лекот, задолжително консултирајте се со вашиот лекар за производите што треба да ги избегнувате.

  • Грејпфрут
    Ова цитрусно овошје влијае на апсорпцијата на лековите во дигестивниот систем и може да го поништи дејството на дури 50 различни медикаменти.
  • Млеко и млечни производи
    Минерали како калциум и магнезиум во млекото може да го отежнат процесирањето на одредени антибиотици, па затоа проверете дали може да ги консумирате заедно.
  • Чоколада
    Особено темната чоколада може да влијае на лековите за смирување и да го засили ефектот на стимулативни препарати.
  • Додатоци со железо
    Железото може да го намали дејството на Л-тироксин, лек за тироидната жлезда. Ако земате мултивитамини, проверете дали содржат железо и консултирајте се со лекар.
  • Алкохол
    Може да го поништи дејството на лекови за крвен притисок и срце, но и да ги интензивира ефектите или да предизвика опасни нуспојави.
  • Кафе
    Може да го ослабне дејството на антипсихотиците, но и да го зголеми ефектот на некои лекови, како што е аспиринот.
  • Витамин К
    Ако земате антикоагуланси, внимавајте со внесот на витамин К, кој се наоѓа во брокула, кељ, магдонос и спанаќ, бидејќи може да ја намали делотворноста на лекот.
  • Женшен
    Може да го намали дејството на антикоагулантите и да предизвика главоболки, нервоза и проблеми со спиењето кога се зема заедно со некои лекови.
  • Гинко билоба
    Може да го ослабне дејството на лекови за епилепсија и други здравствени состојби.
  • Внимавајте како ги земате лековите!
    Околу 50% од пациентите не го земаат лекот како што е пропишано, што може да го намали неговото дејство. Следете ги упатствата од лекарот и информации на пакувањето.

Здравјето е најважно – разговарајте со лекар или фармацевт за правилна употреба на лековите и избегнување на непожелни комбинации!

Сподели ја оваа објава