Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Здравје

Постојано уморни и без енергија? Еве зошто зимата ви ја „краде“ енергијата

17.01.2026 16:01
Сподели

Зимските месеци кај многу луѓе носат чувство на постојана исцрпеност, намалена концентрација и недостаток на енергија. Дури и оние кои редовно спијат доволно често се жалат дека се будат уморни и без волја. Според експертите, ваквата состојба е честа појава и не секогаш е поврзана со недоволен сон, возраста или намалената физичка активност.

Една од главните причини за таканаречениот „зимски умор“ е недостигот од природна светлина. Кратките денови и слабата изложеност на сонце директно влијаат врз хормоналната рамнотежа во организмот. Во услови на намалена светлина, телото лачи повеќе мелатонин – хормон задолжен за спиењето – што резултира со чувство на поспаност и намалена будност во текот на денот.

Дополнителен фактор е и студеното време, кое го принудува организмот да троши повеќе енергија за одржување на телесната температура. Ова особено се чувствува кај постарите лица и кај оние со проблеми со циркулацијата. Истовремено, зимската исхрана често е потешка и побогата со масти, што го оптоварува дигестивниот систем и придонесува за чувство на замор, особено по оброците.

Банер Банер BrandEcho

Недостатокот од свежо овошје и зеленчук во текот на зимата може да доведе и до недостиг на важни витамини и минерали. Најчесто се јавува дефицит на витамин D, кој организмот го создава под влијание на сончевата светлина, но и на железо и магнезиум – елементи клучни за одржување на енергијата и нормалната функција на мускулите и нервниот систем.

За намалување на зимскиот замор, стручњаците препорачуваат неколку едноставни, но ефикасни навики: секојдневен престој на отворено во текот на денот, полесна и разновидна исхрана, доволен внес на течности и редовна физичка активност од најмалку 20 до 30 минути дневно. Дури и умерено движење може значително да ја подобри енергијата и менталната јасност.

Доколку чувството на исцрпеност трае подолг период и е проследено со симптоми како вртоглавица, несоница или чести промени во расположението, лекарите советуваат консултација со здравствено лице. Во одредени случаи, хроничниот замор може да биде знак за подлабок здравствен проблем кој бара соодветна медицинска проценка.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Активности за подобрување на вашето здравје кои може да ги практикувате овој март

Свинско месо: Пријател или непријател за вашето здравје?

СЗО: Европа се соочува со здравствена криза – психички нарушувања, хронични болести и ниска стапка на вакцинација

Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото ви испраќа важен сигнал

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Прекумерната тежина, цигарите и алкохолот ја зголемуваат опасноста од појава на рак

Домашни билки благотворни за опуштање, одмор и поцврст сон

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Здравје

Шокантната вистина за мултитаскингот: Како влијае на нашето ментално здравје?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?