Кражба во охридската чаршија: жена од БиХ фатена по пријава на турист од Турција

Во старата чаршија во Охрид вчера бил пријавен случај на кражба на паричник од 24-годишен државјанин на Турција, а полицијата за кратко време го пронашла осомниченото лице.

Како што информираат од СВР Охрид, на 17 април 2025 година во 14:35 часот било пријавено дека од М.Ј. (24) од Турција, едно женско лице одзело паричник со пари.

По преземените мерки, полицијата набргу го пронашла лицето, при што било утврдено дека станува збор за С.О. (44) од Босна и Херцеговина.

Одземениот паричник бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосното документирање на случајот против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава