Левица ги објави кандидатите за градоначалници на скопските општини

По неодамнешното објавување на Амар Мециновиќ за кандидат на Град Скопје, политичката партија Левица ги објави имињата на кандидатите на дел од скопските општини.

Поранешниот декан на Шумарскиот факултет и актуелен раководител на катедрата за ботаника и дендрологија. Во Ѓорче Петров трката за градоначалник ќе ја трча Александар Димитријевиќ кој и пред четири години беше кандидат на партијата.

Актуелниот директор на КИЦ, Антонио Димитров ќе биде кандидат во Општина Карпош. Во Гази Баба за кандидат е претставен Златко Тренчевски, металуршки инжинер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании. Во Општина Аеродром, Левица ќе трча со Марјан Димитриев, дипломиран економист и консултант со фокус на одржливи и економски политики, наведуваат до Левица.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава