Либерален новоговор

Фејсбук статус на Томче Ширков

Украина не загубила седум града за еден месец-Стратешки се позиционирала за одбрана на Киев.

Маринците на САД не киднапирале претседател на суверена држава- Привеле на сослушување подржувач или можен подржувач на нарко-картели.

Британски САС, на вежби во Полска изрешетал полски регрути, ги унаказиле, не се знае дали ќе преживеат?! Ама тие не ги осакатиле – Ги оневозможиле за понатамошна обука, страдале од “Френдли фајар”( пријателски оган).

Грендланд нема да биде окупиран и анектиран, има шанси да стане “Колатерална штета” на нарушените американско-европски односи.

Ние немаме блокада за влез во ЕУ. Имаме повторно ревидирање на барањето.

————————————————————————

НАРАВОПОУЧЕНИЕ:

Ако немате пари, никогаш не велете : “Не можам да го купам тоа, немам пари.” Кажете :

“Оваа инвестиција не е рентабилно оправдана за мојот буџет.”

Така нема да бидете прости, сиромашни, Македонци, туку напредни и модерни граЏани.

 

 

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава