Љубовна расправија во Карпош заврши како филмска сцена – со автомобил удрила во партнерот па му ги скинала гумите!

Во скопската општина Карпош вчера вечер љубовна расправија ескалирала во сообраќаен инцидент и физички напад, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека неговата партнерка, по вербална расправија, со своето возило удрила во неговиот автомобил, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала.

Инцидентот се случил вчера околу 19 часот, а пријавата во полицијата била поднесена во раните утрински часови на 17 октомври.

Од МВР потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување и документирање.
„Се преземаат активности за утврдување на сите околности поврзани со настанот,“ велат од Министерството.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава