Иако денеска не постои како држава, поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија има богата и значајна историја во контекст на Евровизискиот песна конкурс – манифестација што ги обединува европските народи преку музика. Од своето прво учество во 1961 година, па сè до последниот настап во 1992 година, Југославија беше препознатлива по музичкиот еклектизам, културната разновидност и талентот што произлегуваше од сите шест републики.
Изборот на претставник на Евровизија се спроведувал преку специјален натпреварувачки настан наречен Југовизија. На овој настан секоја република испраќала свои претставници, а во истиот учествувале: РТВ Сарајево, РТВ Загреб, РТВ Сплит, РТВ Скопје, РТВ Титоград, РТВ Белград, РТВ Љубљана, РТВ Приштина и РТВ Нови Сад.
СР Македонија забележала само една победа. Во 1980 година на натпреварувањето кое се одржало во Опатија победи Маја Оџаклиевска со песната „Врачам се“. Токму Маја Оџаклиевска е и најчестиот претставник на РТВ Скопје на ова натпреварување.
Во продолжение можете да преслушате неколку песни од РТВ Скопје кои биле дел од Југовизија.
СИЛВА ДЕЛОВСКА И КИМ БЕНД – ОПЕРА
МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА – ЛИДУ ЛИДУ ДУ
СПЕКТАР – ОПАСНА ЗОНА
МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА – НИКИ
ИНТЕРВАЛИ – КАКО МАГИЈА
ТОП ЕКСПРЕС – БЕЈБИ
АНА КОСТОВСКА – АНУШКА
КАЛИОПИ – ЕМАНУЕЛ
МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА – ЈУЛИЈА