Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам

09.02.2025 18:15
Фото: МакедонијаДенес
Сподели

Атина, 9 февруари 2025 (МИА) – Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не беа регистрирани силни земјотреси, со исклучок на еден од 4,1 степен, иако серијата на помали потреси продолжи, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово изрази умерен оптимизам дека ситуацијата не води кон најлошото сценарио, јави дописничката на МИА од Атина.

Во период од 12 часа, односно од полноќ до точно напладне состојбата беше значително помирна во споредба со изминатите денови, со само два земјотреси од над четири степени, односно 4,1 претпладнево и еден со иста јачина кусо пред 3.30 часот.

Грчкиот премиер во неговиот седмичен преглед на настани што секоја недела го објавува на Фејсбук, денеска се осврна и на земјотресите на Санторини.

Банер Банер BrandEcho

– Само бројката, над 7.700 земјотреси, го оправдува стравот и немирот. Завчера бев на Санторини и би сакал и сега да ја изразам мојата поддршка, како и на целата Влада за жителите кои ја живеат оваа тешка ситуација. Ве разбираме и сме покрај вас. Сакам да апелирам да останете смирени. Експертите кои постојано ја следат појавата и сакам да нагласам дека имаме одлични научници, ни даваат причини да бидеме малку пооптимисти како одминуваат деновите. Никој не може да предвиди со апсолутна сигурност, но постои воздржан оптимизам дека нема да бидеме доведени до најлошото сценарио, напиша Мицотакис.

Додаде дека Владата има одговорност „брзо и координирано да ги преземе сите неопходни превентивни мерки за да создаде безбедносна мрежа за жителите на островите“ и да биде подготвена да одговори на секое сценарио.

Училиштата на четири грчки острови, на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе останат затворени и следната седмица со одлука членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за време на нивниот вчерашен состанок.

Како што вчера објави МИА, од Министерството соопштија дека сите членови на Комисиите едногласно констатирале дека „сеизмичката серија во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос останува стабилна, со над 800 земјотреси од 1 февруари до денес со магнитуда од над 3 степени и со максимална регистрирана магнитуда од 5,2 степени“, дека сеизмичка активност се должи на подводни раседи и „не е поврзана со вулканската активност на Камени и подморскиот вулкан Колумбо“ и дека „сеизмичката активност во калдерата останува на истото ниско ниво како и претходните денови“.

Паралелно потсетија на превентивните мерки за граѓаните да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Интензивните земјотреси на Санторини започнаа минатиот викенд, додека според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Од Сања Ристовска, Грција/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително

Во 2023 година над 44.000 албански граѓани добиле државјанство на земји-членки на ЕУ

Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага

Кој ги води инвестициите во Црна Гора?

Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Скандал на бензинските пумпи: точеле помалку, наплатувале повеќе

Балкан

Непредвидени проблеми во доделувањето на концесијата за црногорските аеродроми

Балкан

Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА

Балкан

Вучиќ: До 19 или 20 март нова влада на Србија или предвремени избори

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?