Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Најмалку 14 загинати и над 200 повредени од тајфунот „Јаги“ во северен Виетнам

08.09.2024 17:15
Сподели

Ханој, 8 септември 2024 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа, а околу 200 се повредени откако тајфунот „Јаги“ ја погоди копнената територија на северен Виетнам, соопштија денеска локалните власти, кои продолжуваат со напорите за обновување и помош на погодените, јави ДПА.

Меѓу жртвите се и четворица членови на едно семејство, кои загинале рано утрово кога нивната куќа се урнала, стои во соопштението на секторот за спасување и пребарување на виетнамското Министерство за национална одбрана.

Виетнамскиот премиер, Фам Мин Чин, одржа видеоконференциска средба со претставници на 26 провинции и градови, кои се погодени од тајфунот „Јаги“, за да се разгледаат последиците од оваа природна катастрофа.

Банер Банер BrandEcho

Според виетнамските власти, повеќе од 3.000 куќи се оштетени, 120.000 хектари оризови полиња се поплавени, а над 1.000 рибници се уништени и однесени со бурниот ветер и вода.

И покрај тоа што „Јаги“ ослабе во тропска бура, во делови од земјата се уште има масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите за итна интервенција работат на отстранување на стотици урнати електрични столбови и десетици оштетени трафостаници.

Тајфунот „Јаги“ го погоди Виетнам вчера, пред рано утринава да ослаби, но властите предупредија на можни поплави и свлечишта во планинските области, бидејќи почвата е преоптоварена со вода.

Претходно, „Јаги“ ги опустоши Филипините, каде загинаа најмалку 16 лица, а во Кина одзеде најмалку четири животи.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ФСБ отвори истрага против двајца италијански новинари откако известувале во Курск

ОСТРА КРИТИКА: Поранешен советник на Обама го нападна Трамп

Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Ево Моралес: Цензура на медиумите е авторитарен потег на владата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Путин предупредува: Испорака на „томахавки“ би можела да ја разруши соработката со САД

Балкан

ЕУ го продолжи режимот на санкции поврзани со БиХ до март 2026 година

Трамп со жестока закана: “Ако не се предадат, ние ќе интервенираме!”

Свет

Што би се случило 72 минути по почетокот на нуклеарна војна?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?