Ноќеска се тресеше Македонија: земјотрес почувствуван во Прилеп

Сеизмолошката мрежа на Република Македонија ноќеска регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на соседна Грција. Потресот бил забележан во 01:14 часот од станиците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои се распоредени низ целата држава.

Според првичните анализи, епицентарот се наоѓал на околу 116 километри југоисточно од Скопје, а земјотресот имал локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Од Опсерваторијата информираат дека потресот бил почувствуван во Прилеп и околните населени места, каде интензитетот е оценет на III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за материјални штети или повредени лица.

Сеизмолозите посочуваат дека ваквите потреси се честа појава во регионот и се дел од природната сеизмичка активност.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава