Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Новата австриска Влада планира построги закони за доселениците

28.02.2025 00:18
Сподели

Виена, 27 февруари 2025 (МИА) – Новата австриска влада на Народната партија, социјалдемократите и либералите најави построги правила за азил и бегалци при претставувањето на владината програма денеска во Виена, а претставниците на коалициските партии изразија задоволство од договорот по долги преговори.

-Договорот успеа само благодарение на типично австрискиот пристап: разговорите ги зближуваат луѓето, рече Кристијан Штокер, претседател на Австриската народна партија (АНП).

Претседателите на АНП, Социјалдемократската партија на Австрија и либералната партија Неос веќе поднесоа коалициски договор до австрискиот претседател Александар ван дер Белен на разгледување.

Банер

Коалициската програма делумно содржи силно заострување на законите за бегалци и азил.

Така, обединувањето на семејството за лицата на кои им е одобрен азил е суспендирано до понатамошно известување. Лицата чии барања за азил се одбиени повеќе нема да можат да го поминуваат времето до нивното протерување на слобода, туку ќе бидат сместени во посебни центри.

Промени се предвидуваат и во кривичното право во секторот тероризам со идеолошка позадина.

Како дел од пакетот закони кои треба да ја подобрат интеграцијата на имигрантите од другите култури, ќе се забрани носењето шамија за девојчиња помлади од 14 години.

На надворешнополитичкиот фронт, новата австриска влада продолжува да се залага за „солидарност во Европската унија“, како и за натамошна помош за Украина. Новата влада планира да назначи и специјален координатор за помош на Украина.

Засега нема конкретна дискусија за распределбата на министерствата, но извесно е дека функцијата канцелар ќе ја заземе лидерот на АНП, Кристијан Штокер, а министер за надворешни работи лидерката на партијата Неос, Беате Мајнл-Рајзингер.

Владата треба да положи заклетва следниот понеделник, што е 155 дена по парламентарните избори во септември и најдолгиот период во историјата на Република Австрија од избори до преземање влада.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Половина од Американците сметаат дека економијата е во пад: Што следи?

Европа стои цврсто: Трамп не може да ги заплаши нашите нации

Скандал во Пентагон: Хегсет блокираше промоции на четири офицери поради расна и родова дискриминација

Во првите пет месеци од годинава Грција ја посетиле речиси седум милиони туристи

Руски нафтен гигант го зацврстува присуство во Венецуела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп тврди дека го спаси НАТО од пропаст

Балкан

Словенија го зголеми минималецот на 1000 евра

Свет

МЕДВЕДЕВ СО ПОРАКА Следен нека биде германскиот канцелар

Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?