Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

„Њујорк пост“: На Трамп било пукано од зграда која во исто време имало полициски снајперисти

16.07.2024 11:43
Сподели

Вашингтон, 16 јули 2024 (МИА) – Локален полициски снајперски тим бил распореден во зградата од чиј покрив атентаторот, Томас Метју Крукс, пукал и го рани поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборен митинг, објави Њујорк пост, цитирајќи извори од органите на редот.

Зградата во Батлер, Пенсилванија, во која се наоѓаше фабрика за пакување стакло и пластика, локалната полиција ја користеше како „набљудувачки пункт“ за нивните снајперисти да внимаваат на заканите додека поранешниот претседател држеше говор на само околу 110-120 метри, тврдат изворите.

Според нив, во моментот на пукањето полицајците биле внатре во зградата, но не на нејзиниот покрив.

Банер Банер BrandEcho

Крукс успеал непречено да се искачи на зградата пред да пука осумпати, ранувајќи го Трамп во увото, убивајќи еден учесник на митингот и ранувајќи уште двајца.

Локалните медиуми објавија дека Крукс бил забележан во зградата околу половина час пред да отвори оган – при што еден од полицајците од округот Бивер дури и го фотографирал пред пукањето.

Извори за спроведување на законот рекоа дека не е јасно дали некој од локалните офицери – кои имаа задача да го обезбедуваат периметарот околу митингот – можеле да ги известат агентите на американската тајна служба за напаѓачот.

Весникот додава дека еден од полицајците се обидел да го пребара покривот неколку минути пред да започне пукањето, но се повлекол кога Крукс му вперил пушка.

Според портпаролот на американската тајна служба Ентони Гуглиеми, локалната полиција била задолжена за обезбедување на областа каде што се случило пукањето.

Според изворите, полицијата го проверила местото и просториите пред почетокот на митингот на Трамп, но нивните полицајци за време на настанот не се качиле на покривот од страв да не се мешаат во работата на снајперистите на американската тајна служба.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хамас: 27 нови жртви во Газа, вкупниот број достигна 43.341

Министрите на ЕУ договорија нови санкции кон Русија поради смртта на Навални

Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили

Загреб забранува фашистички симболи на јавни настани

Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Обединетите Нации на помош: План за енергетска кризна ситуација во Куба

Балкан

Загребчанец фатен пијан за волан – 3,37 промили и без дозвола, казнет со над 5.000 евра

Свет

Иранските дронови ја погодија воената инфраструктура на Израел во Бен Гурион

Свет

Елитни британски специјалци под истрага за можни воени злосторства во Сирија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?