Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Семејство и деца

Одговорно родителство за детето да не израсне во нарцис

04.06.2024 15:14
Сподели

Лос Анџелес, 4 јyни 2024 (МИА) – Родителството, во смисла на воспитувањето емоционално стабилни деца, може да биде напорно, се согласуваат стручњаците. Родителите честопати се под стрес поради своите грешки, но тоа е нормално, доколку возрасниот е свесен за нив, и тоа може значително да влијае на развојот на децата.

Веројатно ниеден родител не сака неговото дете да израсне во нарцис. Во интернет-емисијата „Отворени односи“, психологот д-р Стен Таткин од САД открива два главни начини на коишто родителите ненамерно ги претвораат своите деца во нарциси.

Непокажување последици

Банер

Можеби една од најважните лекции што родителите треба да ги научат е како да им се спротивстават на своите деца и да научат кога да се каже – не. Уште повеќе, кога родителот нема да им ги покаже на децата последиците од лошите постапки, тоа може да има уште понегативно влијание во развојот на личноста и односите натаму.

– Што се случува кога сте неконзистентни и не знаете како да возвратите? Што се однесува до мене, јас ја губам почитта кон тебе. Слично на тоа, Вашите деца почнуваат да Ве гледаат како слаби и неспособни. Така ќе почнат помалку да Ве почитуваат бидејќи знаат дека можат да ги контролираат и манипулираат Вашите постапки. Затоа, последиците се многу важни, а родителите кои не се доследни во поставувањето граници и посочувањето на последиците може и веројатно е „да одгледаат“ нарцис, вели психологот.

Значи, родителот мора да му ги покаже последиците од лошите постапки на своето дете.

– Мора на децата да им ги покажете последиците на начин соодветен на возраста. Покажете им ги природните последици од нивните постапки и побарајте да бидат одговорни за кршењето правила или непридржувањето кон нив. Покрај тоа, тие треба да си создадат емпатија, но со ограничувања, појаснува Таткин.

Премногу строго родителство

И тоа – да се ​​биде премногу строг, ладен и авторитарен родител придонесува за развој на дете – нарцис. Психологот објаснува дека ако родителот не обрнува внимание на чувствата на детето, веројатно и тоа ќе го покаже истото однесување кон другите луѓе во својот живот. Затоа, советот тука гласи: Родителство со рамнотежа меѓу љубовта и строгоста.

Според Американската психолошка асоцијација: „Во авторитативното родителство, возрасните негуваат, реагираат и даваат поддршка, но поставуваат цврсти граници за своите деца. Тие се обидуваат да го контролираат однесувањето на детето со објаснување на правилата и расправија. Обрнете внимание на гледиштето на детето, но не го прифаќајте секогаш.“

Така, како и со сè друго во животот, и во односот родител – дете мора да постои рамнотежа, сметаат стручњаците.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дали го уништувате детството на вашите деца? Откријте ги најчестите грешки што ги прават родителите денес!

Љубов без одговорност е само илузија: Зошто модерните бракови пропаѓаат?

Тие ме раскинаа на две

„Не те напуштив, сине.“ – Емотивна исповед на татко разделен од своето дете

Што сакаат модерните жени?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Семејство и деца

Највозрасното дете во семејството е „роден лидер“ во животот

Семејство и деца

Што крие детската игра? Откријте како играта влијае на иднината на вашето дете!

Семејство и деца

Зошто современите семејства се распаѓаат? – Анализа на еден од најболните трендови на денешницата

Семејство и деца

Раните знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?