Општина Аеродром ги повикува пензионерите да се приклучат во јавните работи за почиста заедница

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром распиша јавен оглас за ангажирање пензионирани лица во текот на 2025 година, со цел одржување на хигиената и јавните површини во општината.

Преку оваа иницијатива, пензионерите имаат можност активно да се вклучат во јавни работи и да дадат придонес за поурбано и поуредено опкружување. Работните активности опфаќаат чистење и собирање отпадоци, косење тревници, расчистување суви гранки, одржување зеленило, како и чистење пешачки патеки, тротоари и мостови низ територијата на Општина Аеродром.

Пријавувањето се врши со пополнување на пријава која може да се подигне директно во Архивата на претпријатието или да се преземе од веб-страницата на Општина Аеродром: www.aerodrom.gov.mk (во делот „Граѓани – Формулари“), како и преку следниот линк: http://skr.rs/z0JN.

Ова е одлична можност за пензионираните граѓани да останат активни и да придонесат за подобрување на квалитетот на животот во својата општина.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава