Ова се најголемите должници на УЈП – должат над 10 милијарди денари

Управата за Јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 30 ноември 2023 година и неплатени до крајот на минатиот месец.

На листата на која се наоѓаат должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, се наоѓаат 5.407 физички и правни лица.

Најголем должник е правното лице Хант Осој Трејд од скопската општина Кисела Вода чиј долг по основ на неплатено ДДВ изнесува 734.334.578 денари. Следи Окитна Трејд од Визбегово, компанија која на државата и должи 724.007.301 денар. Во најголемите 5 должници се ноаѓаат и Комуналец од Гостивар со долг од 147.575.727 денари како и Дивелоп Груп ДОО Скопје и Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје кои солидарно должат по 134.566.386 денари по основ на неплатено ДДВ.

Листата на должници можете да ја симнете ТУКА.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава