Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Овоштари од Пијанец и Малеш договараа стратегија за подобрување на состојбата со модрата слива

01.06.2024 14:38
Сподели

Пехчево, 31 мај 2024 (МИА) – Производителите на модра слива од пехчевско, беровско и делчевско денеска дебатираа околу моменталното производство на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, како и проектите кои се планираат за подобрување на производството и откупот на сливата во наредниот период.

Во рамки на настанот кој денеска се одржа во Пехчево, професорот Маријан Кипријановски пред присутните ги претстави плановите за производството на овој квалитетен плод, кој се повеќе и повеќе се бара на европскиот пазар.

– Ова е првичен состанок за една добра иницијатива од сопственикот на еден новоформиран субјект, кој има за цел да даде поттик и понатаму да се одгледува сливата, да се произведуваат квалитетни плодови и да опстане сливата во овој регион. Субјектот веќе е формиран и покрај подигање на сопствени насади и производство на квалитетна слива, има планови да врши и откуп на плодови од слива. За таа намена веќе има приготвено магацини, планиран е и еден современ дистрибутивен центар со ладилници, а во догледен период ќе се отворат капацитети за преработка на модрата слива, истакна Кипријановски.

Банер Банер BrandEcho

Поради лошите климатски услови и уште полошите откупни цени, производителите на модра слива во Малешевијата полека како да се откажуваат од производството на слива. Поголем дел од постоечките насадите се запуштени, дел од нив не даваат квалитетен род, а дел воопшто не даваат род со што, како што беше потенцирано на денешниот состанок, доколку продолжи ваквиот тренд, за догледен период сливата од некогаш најзастапена култура, може да биде заменета со некоја друга овошна култура.

– Затоа велам еве една добра иницијатива од сопственикот на фирмата да даде некој поттик и понатаму да се одгледува сливата и да се произведуваат квалитетни плодови и да опстане сливата во овој регион. Повеќе од потребно е во овој регион да се направи тој откупен центар, да се најде фирма која ќе откупува, односно извезува слива, бидејќи знаеме дека капацитетите наши се мали. За да се потроши во нашата земја мора да се извезува сливата, секако со изнаоѓање некој сериозен партнер од странство, додаде, Кипријановски.

Присутните производители ја поздравија иницијативата како основа за подобрување на критичната состојбата, најмногу поради масовното запуштање и запоставување на сливовите насади.

Од Валери Спасевски, Делчево Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Оксфам: Богатството на милијардерите расте се побрзо

Хемиската индустрија во Германија под континуиран притисок

Над 16 милиони евра потрошени за 10 дена: Кој и за што ги дели јавните пари?

Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија

Евростат: Зголемен број на банкроти во градежниот и финансискиот сектор во ЕУ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

ММФ почна нова ревизија на програмата за помош на Украина вредна 15,5 милијарди долари

Бизнис и Економија

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното

Бизнис и Економија

Рособоронекспорт со рекорден портфолио на извозни нарачки над 60 милијарди долари

Бизнис и Економија

Амазон ќе ги враќа работниците во канцеларија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?