Планиран прекин на струја во дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија соопштуваат дека денеска е планиран привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од главниот град. Поради интервенции на електродистрибутивната мрежа, без струја ќе бидат корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48, во Општина Аеродром.

Прекинот е најавен за периодот од 9 до 11 часот, по што снабдувањето со електрична енергија треба да биде нормализирано.

Сподели ја оваа објава