Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Почина „скромниот“ претседател на Уругвај, Хосе Мухика – човекот што одби милиони за својата стара „Буба“

13.05.2025 22:44
Сподели

Хосе „Пепе“ Мухика, некогашен герилец и поранешен претседател на Уругвај, почина на 89-годишна возраст, објави актуелниот претседател на земјата, Јаманду Орси, на социјалната мрежа Х.

„Со длабока тага ја соопштуваме смртта на нашиот другар Пепе Мухика. Ти благодариме за сè што ни даде и за длабоката љубов кон својот народ,“ напиша Орси.

Муџика го водеше Уругвај како претседател од 2010 до 2015 година, откако ги убеди гласачите дека неговото радикално минато е зад него. Иако беше еден од лидерите на левичарската герилска група „Тупамарос“ во 1960-тите и 1970-тите, Муџика се трансформираше во симбол на скромност и социјална правда.

Банер Банер BrandEcho

Познат по својот аскетски начин на живот, живееше на мала фарма во предградие на Монтевидео, каде одгледуваше цвеќиња со својата сопруга, Луција Тополански. Наместо да живее во претседателската резиденција, возеше стара „Фолксваген Буба“, одбиваше формална облека и често ручаше во обични ресторани. Еднаш дури и одби милионска понуда од шеик кој сакал да ја купи неговата „Буба“.

Во политиката беше либерален и прогресивен. Како претседател, го потпиша законот за легализација на истополовите бракови, дозволи абортус во рана бременост и ја поддржа легализацијата на продажбата на марихуана – чекори што го вброија меѓу најлибералните лидери на Јужна Америка.

Во едно интервју во 2024 година изјави: „Проблемот е што светот го водат стари луѓе кои заборавиле какви биле кога биле млади.“

Мухика беше избран за претседател на 74 години, со 52% од гласовите, и покрај загриженоста за неговото минато и возраст. Поранешен член на марксистичките „Тупамароси“, тој учествувал во вооружени конфликти, бил ранет со шест куршуми, двапати бегал од затвор и поминал речиси 15 години зад решетки, најголемиот дел во време на диктатурата (1973–1985), кога во земјата беа убиени околу 200 лица, а илјадници беа затворени.

По враќањето на демократијата во 1985 година, Мухика повторно се активираше во политиката, стана министер за земјоделство во владата на Табаре Васкез и подоцна беше негов наследник на функцијата претседател.

Мухика останува запаметен како исклучителна личност која ги одбиваше привилегиите на моќта, живееше скромно и се бореше за обичниот човек.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс

Шпанската црква ќе компензира жртви на сексуално насилство

Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка

Трампова администрација ќе казни НАТО сојузници поради недостаток на поддршка во војната против Иран

Десет лица осудени за клевета на првата дама на Франција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Британскиот премиер прифатил подароци и донации во вредност од 100.000 фунти

Свет

Шпанскиот Уставен Суд ја потврди потерницата за Пучдемон

Свет

Крај на мисијата на ОН во Јужен Либан по речиси 50 години

Зеленски со Фон дер Лајен: Украинскиот „План за победа“ зависи од брзите одлуки на сојузниците

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?