Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Музика и филм

Почнува петтиот Галичник Филм Фестивал

01.08.2024 09:26
Сподели

Скопје, 1 август 2024 (МИА) – Вкупно 28 краткометражни филмови ќе бидат прикажани на петтиот Галичник Филм Фестивал, кој вечер ќе биде отворен на планината Бистра. По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои како дел од проектот „Филмско-музичка Фузија“, ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени.

Посетителите до 4 август 2024 година, покрај филмските проекции, ќе имаат можност да учествуваат во различни активности – дискусии со режисери и актери, работилници… Љубителите на културата ќе можат да ги истражат и историските и културните знаменитости на Галичник, да уживаат во локалната гастрономија и да се поврзат со природата.

– Селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од престижните филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Венецијанскиот филмски фестивал, Торонто Филм Фестивал, Санденс, Локарно и многу други. Овие филмови, кои претставуваат богатство на жанрови и приказни, ќе ве однесат на патување низ различни култури и емоции, се наведува во најавата за Фестивалот.

Банер Банер BrandEcho

Како дел од жири-комисијата оваа година се актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска и филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и балканската работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски. Избрани се пет проекти во развој од земјата и регионот.

Публиката вечер ќе може да го проследи краткиот филм „ТУРБО-НЕТ“, во сценарио и режија на Надежда Панова.  Улогите ги толкуваат млади и искусни глумци меѓу кои Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павловиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Петар Горко. Сценографијата е на Дејан Ѓошевски, камерата на Лашло Кадар а извршен продукцент е Виктор Павловски.

Филмот е приказната за едно семејство и неговите предизвици по смртта на таткото, сопственик на Турбо-Нет, првото интернет кафуле во градот и центар на друштвениот живот на почетокот на векот. Подржан од Агенцијата за филм и фондот Синефором, Женева, филмот е ко-продукција на Пирејфилм, Скопје и Камера300, Швајцарија.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм и Министерство за култура и туризам. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.

Од Магдалена Ристоманов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Еминем го објави својот 12. студиски албум – „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

Концерт на Синтезис за 30-годишниот јубилеј

Жена, сестра или мајка? Кој жали најмногу?

„Под Сена“ – нов хорор-филм за ајкула

Како вештачката интелигенција го менува светот на музиката: Револуција или закана?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

Љубовните драми и некои од најтажните, најнеочекувани и најнепосакувани расплети

Музика и филм

Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј

Музика и филм

Во Лос Анџелес 96. доделување на Оскарите

Музика и филм

Македонски песни на Југовизија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?