Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Помеѓу длавоката и правната држава

ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Во Соединетите Американски Држави во тек е пресметка на 47-от американски претседател Доналд Трамп со длабоката држава. Длабоката држава како синоним на подземна држава или “власт во сенка“, која преку злосторничко здружение во координација и субординација на извршители дома и во светот, ја суспендира правната држава преку институциите на власта, посебно преку тајните служби. Се разбира, со пари од даночните обврзници, а против даночните обврзници и нивните интереси, за деморализација на општеството во целина. На сите да им всадат вина во потсвеста за дела кои не ги сториле, за да нема отпор против намерите на длабоката држава.

Станува збор за сложена операција против извршители во САД и нивни инсталации во светот. Трилиони долари се потрошени за депопулација на човештвото со цел демонтажа на основните вредности на човековата цивилизација: семејството, верата и државата. Трилиони долари во бесмислени проекти, спротивни на Господ и на природата! И за очекување е дека оваа “соросова војска“ ќе дава отпор и во САД и во светот. И во Македонија. Во прашање се привилегии со лукративни интереси, но во многу случаи и кривични дела. Никој доброволно не признава дело за да оди в затвор до крајот на својот живот.

- Advertisement -

Ако овие структури на длабоката држава не ги елиминирате од пристапот до институциите на власта и буџетите и јавните фондови, тие и натаму ќе роварат, ќе се бранат и ќе обвинуваат, затоа што тоа и досега го правеа, друго во животот и не знаат: диференцираат, индоктринираат, селектираат, етикетираат, изолираат, дискредитираат, цензурираат, за нив не постои приватност, во состојба се и в чмарот да ви се пикнат за да (дез)информираат. На дежурни идиоти цензурата им стана професија, иако со Устав е забранета. Демек тие, одбраните, ја “знаат” вистината и на бројните социјални мрежи блокираат, бришат, делат правда, стигматизираат, обвинуваат без правосилна пресуда, ви ги прислушкуваат приватните разговори па ги објавуваат за да ве денунцираат, да ве наклеветат, да ве навредат, да ве посрамотат, се именуваат како фактчекери а во основа се факчекери кои треба во Идризово да одлежат.

Ете чувме и видовме и од новиот заменик директор на Американското федерално истражно биро (ФБИ) Дан Бонџино: За шарената револуција во Македонија во 2016 година, со епилог промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, УСАИД дала 45 милиони долари, СОРОС дал 45 милиони долари, во парламентот на Грција се “води истрага“ каде се потрошени 50 милиони долари за да успее референдумот на 30 септември 2018 година. За тоа на 14 декември 2023 година предупреди и поранешниот претседател проф.д-р Ѓорге Иванов: За промена на името потрошени се околу 150 милиони евра.

- Advertisement -
Банер

А, јавниот обвинител на Македонија мува не го лази да почне предистрага и оформи обвинение против злосторничко здружение за кривичните дела велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото заради промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ. Впрочем, се’ додека власта не го демистифицира и обвини оваа злосторничко здружение, за да одлежат доживотен затвор со конфискација на личниот имот и имотот на членовите на нивните семејства, дома и во светот, ќе страда демократијата и правната држава, а власта ќе се смета за соучесник со злосторниците од длабоката држава во нивните злосторства против нацијата и државата.

Затоа, прво, итна и безусловна забрана на фондацијата СОРОС отворено општество и нејзините проекти во Македонија, второ, избор на ново јавно обвинителство и судии кои со активна работа ќе ги детектираат и нотираат поименично сите носители на проекти во коишто биле потрошени средства од странски извори, претежно од УСАИД и СОРОС и нивно изведување пред лицето на правдата!

Во спротивно, се уште ќе шират хистерија и ќе се правдат пред јавноста, дека тоа што го работеле било оправдано, вршеле општествено корисна работа, обвинувајќи ја актуелната американска амдинистрација дека, оваа “хајка” против УСАИД и СОРОС ќе трае времено, до крајот на мандатот на Доналд Трамп. Па се закануваат: После ќе видите! Дури предвидуваат смрт на Доналд Трамп што ќе го продолжи векот на длабоката држава и нејзините инсталации во светот, нивниот опстанок, бидејќи тие до гроб се нејзини лојални верници. Знаат да пермутираат и да конвертираат, вешти се во тие техники за да преживеат во сите системи и режими. А, жртвите од нивните проекти, не се ни важни, биле пресметани како кало растур во нивните проекции.

Таа и таква е длабоката држава – рак рана на цивилизацијата, човештвото и општеството! Во прашање е исходот од борбата помеѓу Господ и Сатаната!

Многу се накотија и во Брисел. Забораваат дека европскиот центризам се движи кон трајно минато свршено време, иако светот ниту започнува во Брисел, историјата таму не завршува! И не случајно американскиот пертседател вели: “Европската унија е формирана за да ги за..е Соединетите Американски Држави. Таа е нејзината цел. И тие тоа го направија доста добро, но сега јас сум претседател!”

И сега, амбасадорите ли на Франција и Велика Британија во Македонија ќе ја обвинуваат македонската влада зошто гласала за Резолуцијата за Украина поднесена од Соединетите Американски Држави? Македонија во Генералното собрание на Обединетите Нации гласала воздржавно! Па, со договор со САД гласала воздржано и точка! No comment! Тоа грев ли е и вина? А, тоа што Велика Британија и Франција гласаа воздржано за американската декларација за Украина во Советот за безбедност на ООН, демократија ли е? Е, се’ додека се правдате за тоа што сте го сториле, влегувате во филмот дека грешка и вина признавате! Стара вистина е дека кучиња што лајат по секој караван има, тие друго и не знаат, и додека не пцовисат истото ќе го прават. Продолжете го патот, не губете време по нив, самите ќе се доизедат!

И пак развиваат теории на заговор: Тајните служби на Москва вложиле во Трамп за после 40 години САД да станат Западна Русија. Кои будалаштини на дежурните идиоти од длабоката држава.

Често се смеам кога некој ќе ми рече “А, бе Тодоре, се’ уште не те отепаа?“ Велам “Зошто?“ Дополнуваат “Па, затоа што им пречиш!“ Имаше повеќе обиди и атентати, но за тоа во друга прилика.

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонија има вечни интереси

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Проклетство до пеколот

Со југословенско-бугарскиот Бледски договор од 1 август 1947 година, Софија го признала и македонскиот народ и македонскиот јазик

Метастазите на блудницата вавилонска

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Со Трамп, Светот нема да биде како до сега

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Колумни

Системот меѓу Дон Кихот и Пабло Ескобар

Колумни

Нема договор! Се договорија да продолжат да се договараат

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?