Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Порошенко: Украина не смее да стане диктатура, Зеленски ја води во погрешен правец

19.03.2025 10:46
Сподели

Киев, 19 март 2025 (МИА) – Петро Порошенко, поранешен претседател на Украина и лидер на најголемата опозициска партија, во интервју за германски „Билд“ остро го критикуваше актуелниот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека ја турка земјата кон диктатура.

– Тој е несреќен лидер кој ја води нацијата кон автократија. Но, Украина не е Русија и нема да дозволиме да се воспостави диктатура, изјави Порошенко.

Поранешниот претседател, кој раководеше со Украина од 2014 до 2019 година, е под санкции од украинската власт и му е забрането да ја напушти земјата, а истовремено нема пристап до својата имотна и бизнис-империја, вклучувајќи ја и компанијата за производство на чоколадо „Рошен“.

Ad image

– Јас сум единствениот опозициски лидер на кој му се наметнати санкции без никакво објаснување. Ова е кршење на владеењето на правото, што е клучно за нашата европска интеграција, вели Порошенко.

Банер

Според него, Зеленски се плаши од политичката ситуација и затоа настојува да ги елиминира сите конкуренти.

Во однос на актуелните преговори за примирје меѓу Вашингтон и Москва, Порошенко верува дека во следните два до три месеци ќе стане јасно дали ќе има договор. – Ако не се постигне примирје во тој период, тогаш нема да се случи воопшто, предупредува тој.

Порошенко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да има „план Б“ доколку мировните напори пропаднат. Тој набројува пет приоритети што Трамп треба да ги преземе: поголемо вооружување за Украина, дополнителни санкции против Русија, обнова на трансатлантското единство, финансиска поддршка и забрзување на процесот за влез на Украина во НАТО.

На прашањето дали верува дека Трамп навистина му верува на Путин, како што тврди американскиот претседател, Порошенко одговори: „Тоа е само негов преговарачки стил. Соработував со Трамп три години и сигурен сум дека не му верува на Путин“.

Тој одби да открие детали од неговите претходни разговори со Трамп за рускиот претседател, но нагласи: „Имам целосен впечаток дека Трамп нема доверба во него“.

Во врска со гласините дека Трамп бара Зеленски да поднесе оставка, Порошенко порача дека одлуката за идниот лидер на Украина треба да ја донесе исклучиво украинскиот народ.

Поранешниот претседател исто така предупреди на големите воени загуби на Украина, нагласувајќи дека наместо офанзиви, земјата треба да се фокусира на зајакнување на одбранбените позиции и заштита на војниците.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп: Путин си игра со оган

Лула: САД водат „масакр“ врз Куба, време е за солидарност!

Извештај на ОН: Богатите земји со рекорден човечки развој, половина од најсиромашните назадуваат

Семејства на жртви од 11 септември бараат од претседателските кандидати да не склучуваат договори со Саудиска Арабија

Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Држави од Европа во 2024 година

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје

Балкан

Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Кинескиот премиер: Кина се надева дека ќе биде партнер, а не противник на САД

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?