Пригодно одбележан Денот на баталјонот за борбено сервисна поддршка во Куманово

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и претставникот од општинската администрација, раководителот Александар Крстевски, денеска присуствуваа на свечена церемонија, во касарната “Боро Менков” – Куманово, на покана на командантот на баталјонот за борбено сервисна поддршка, потполковникот Шпејтим Черими.

Пригодниот настан беше организиран во знак на 26 Февруари – Ден на баталјонот за борбено сервисна поддршка, во присуство на претставници на АРМ, високи државни функционери од институциите во земјава и бројни делегации на јавни претпријатија, установи и граѓански здруженија.

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава