spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаВестиМакедонијаПроменливо облачно со ветер од северозападен правец

Променливо облачно со ветер од северозападен правец

Скопје, 15 март 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендов се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Од Валентин Јанковски Извор: МИА

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img