Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Музика и филм

Психологијата зад повторното навраќање на исти филмови и серии

03.08.2024 23:00
Сподели

Лос Анџелес, 13 март 2024 (МИА) – Многумина практикуваат, наместо гледање нови филмови и серии, читање нови книги итн., повторно да погледнат нешто постаро што веќе го гледале, или да ја препрочитаат омилената книга – и тоа повеќепати… Психологот Памела Ратлиџ од Универзитетот „Филдинг гредјуејт“ во Калифорнија (САД) се обиде да одговори на прашањето: Зошто луѓето го прават тоа?

– Наоѓањето утеха во остатоците од поп-културата не е нов феномен, иако е чудна појава. Објаснувањето на повторното гледање е едноставно и интуитивно – наместо непознати, бараме познати стимули за време на стресни периоди. Утеха ни е да гледаме работи што сме ги виделе порано затоа што тоа е „лесно за мозокот“, објасни докторката.

Според неа, тоа е еден вид терапија, особено ако човекот се чувствува вознемирен.

Банер Банер BrandEcho

– Гледањето исто дело постојано е вид потврда дека во светот има ред. Тоа создава чувство на сигурност и удобност на првобитно ниво, додаде таа.

Д-р Ратлиџ ги охрабрува гледачите да обрнат внимание на тоа како самите се чувствуваат кога повторно гледаат серија што веќе ја гледале.

Ad image

– Честопати, всушност, постојано сме исцрпени од стрес. Размислувањето оди вака: Сакам да гледам нешто што ќе ми даде малку утеха. Тоа е нешто што не ми ја троши енергијата, туку ми ја враќа… Навистина бараме нешто во коешто може да уживаме, а што нема да троши повеќе од нашата енергија, коешто всушност ќе нѐ опушти и нема да ни го оптоварува мозокот со сложен заплет, појасни стручњакот.

Како типични примери таа ги наведе хумористичните серии „Канцеларија“ и „Пријатели“, чиишто репризи се постојано барани токму поради лесниот хумор.

Од Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Љубовните драми и некои од најтажните, најнеочекувани и најнепосакувани расплети

Ексклузивно: Видео снимки од концертот на Адел во Германија

Шенен Доерти и Курт Исвариенко го финализирале разводот дента на нејзината смрт

Зошто старата музика звучи подобро од новата – и дали младите конечно почнуваат да го признаваат тоа?

„Форбс“: Адам Сендлер е најплатениот глумец за изминатава година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

Тајната на успехот на Клинт Иствуд како глумец и режисер

Музика и филм

Концерт на Синтезис за 30-годишниот јубилеј

Музика и филм

Еминем го објави својот 12. студиски албум – „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

Музика и филм

Објавени годинашните доделувачи на „Оскарите“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?