Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Путин во посета на Курск, првпат од украинската офанзива во регионот
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Путин во посета на Курск, првпат од украинската офанзива во регионот
Свет

Путин во посета на Курск, првпат од украинската офанзива во регионот

13.03.2025
Share
SHARE

Москва, 12 март 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети Курската област за првпат откако украинските сили извршија изненаден напад врз регионот во август минатата година, јавиТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Посетата доаѓа во период кога руските сили бележат успеси во Курската област, според руските воени извори.

Путин одржа состанок во еден од командните пунктови на руската војска во регионот и го слушна извештајот на началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

Според Герасимов, руските сили ослободиле повеќе од 1.100 квадратни километри територија во Курската област, што претставува 86 отсто од површината која била окупирана од Украина.

– Украинските вооружени сили изгубија повеќе од 67.000 војници, меѓу кои и нивните најдобро обучени и мотивирани борци, тврди Герасимов.

Овие податоци не можат да бидат независно потврдени.

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, реагираше преку Фејсбук, истакнувајќи дека украинските сили ќе продолжат да се борат во Курската област сè додека тоа е неопходно.

Според него, борбите продолжуваат во и околу градот Суџа, при што украинските сили се повлекуваат „на поповолни позиции, доколку е потребно“.

– Животот на војниците ни е приоритет, истакна Сирски.

Украинската агенција Укринформ, повикувајќи се на свои воени извори, тврди дека Русија загубила околу 55.000 војници во Курската област од почетокот на украинската офанзива на 6 август, од кои над 22.000 биле убиени.

Овие податоци не можат да бидат потврдени од независни извори.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Политико: Лидерите на ЕУ се за забрзување на депортацијата на мигрантите

Анкета: Канаѓаните се повеќе ја поддржуваат ЕУ, но според Брисел – членство не е опција

Аеродромот во Тирана на прво место во Европа според бројот на патници

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?