Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Спорт

Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам

13.08.2024 19:40
Сподели

Скопје, 13 август 2024 (МИА) – Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.

-Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски .

Банер Банер BrandEcho

Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Мирела.

-Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, исто така талентирани, потенцира министерот.

Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.

Од Мирјана Чакарова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Свечено затворени Параолимписките игри во Париз

Горан Станиќ го објави списокот на Македонија до 21 година за Полска и Италија

Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз

Том Круз со спектакл во свој стил ја најави следната Олимпијада во Лос Анџелес

Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на влезници за претстојните репрезентативни натпревари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

АрхиваФудбал

Спортска архива: Победата на Македонија над Кипар во 1994 година

Фудбал

Пол Гаскојн: Мојата борба со алкохолизмот никогаш нема да заврши

Фудбал

Двајца дебитанти на списокот на Благоја Милевски за септемвриските натпревари

МотоГП: Џоан Мир се откажа поради болест

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?