Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море

26.03.2025 09:34
Сподели

Ријад, 26 март 2025 (МИА) – Русија и Украина се договорија да ги прекинат непријателствата во Црното Море, соопшти синоќа Белата куќа, наведувајќи детали од разговорите одржани во Саудиска Арабија.

САД соопштија дека постигнале посебни договори со Украина и Русија за да се обезбеди безбедна пловидба во Црното Море и да се спроведе забраната за напади врз енергетски објекти во двете земји.

Двете земји се согласија дека „ќе биде гарантирана безбедноста на пловидбата во Црното Море, дека ќе се воздржат од употреба на сила и дека ќе спречат употреба на комерцијални бродови за воени цели“, соопшти американската влада, која посредуваше во преговорите.

Банер Банер BrandEcho

САД, во однос на Украина, исто така се обврзуваат дека „ќе ги поддржат напорите насочени кон размена на затвореници, ослободување на цивили и враќање на присилно раселените украински деца“.

Русија, која во моментов е под бројни санкции, може да смета на поддршката од Белата куќа кога станува збор за „рускиот пристап до глобалниот пазар за извоз на земјоделски и вештачки ѓубрива, намалување на трошоците за поморско осигурување и подобрување на пристапот до пристаништата и платните системи за тие трансакции“.

За време на разговорите, САД „повторија дека претседателот Доналд Трамп безусловно сака да стави крај на загубата на животи на двете страни“.

Вашингтон „ќе продолжи да организира преговори меѓу двете страни со цел на крајот да се постигне мирен исход“, се вели во објавата.

Американската администрација во соопштението му се заблагодари на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, во чија земја се водеа преговорите.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Киев ги поддржува двата договори за прекин на огнот со Русија што САД ги објавија синоќа и дека Украина би ги поздравила и третите земји кои би го надгледувале спроведувањето на договорите.

Во објава на Х, Умеров напиша дека Украина ќе го смета секое движење на бродови на руската морнарица надвор од источниот дел на Црното Море за прекршување на договорот и дека доколку се случи такво нешто, ќе си дозволи право на самоодбрана.

САД во неделата и понеделникот одржаа одделни разговори за војната во Украина со украински и руски делегации во Саудиска Арабија.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Одлив на нискобуџетни авиокомпании од Германија: Се заканува пад на воздухопловниот сектор

Во Етиопија ќе се гради најголемиот аеродромски хаб во Африка

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава

Иран подготвува нови жестоки одмазднички напади

Бројот на загинати во Газа надмина 50.200

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Русија заштитува неутралност на Панамскиот канал

Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседателските избори во САД на 5 ноември

Вашингтон пост: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас

Кина ги повика САД да престанат да „шират лаги“ за провинцијата Синџијанг

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?