Шест германски велосипедисти повредени во Шпанија откако во нив удрило возило со кое управувал 89-годишен старец

Мадрид, 28 јануари 2025 (МИА) – Шест членови на германски велосипедски тим се повредени откако во нив удрил автомобил со кој управувал 89-годишен старец на шпанскиот остров Палма де Мајорка, објавија денеска шпанските медиуми.

Повредените велосипедисти се хоспитализирани со повеќе скршеници, но никој од нив нема повреди опасни по живот.

Тие oд хотелот тргнале на тренинг возење, но откако поминале 2,7 километри се случила несреќата кога во нив удрил автомобилот, а возачот признал дека не ги видел.

Од Рената Пепељугоска /МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава