Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Шлапка: Полска сака да го забрза проширувањето на ЕУ кон Исток и кон Западниот Балкан

28.01.2025 22:25
Сподели

Брисел, 28 јануари 2025 (МИА) – Проширувањето на Европската Унија е од клучно значење и Полското претседателство сака да го забрза овој процес и во правец кон Исток, кон Украина и Молдавија и кон Западниот Балкан, порача полскиот министер за ЕУ, Адам Шлапка од денешното заседание на Советот за општи работи на блокот во Брисел.

– Полското претседателство доаѓа во турбулентни времиња. Ризиците се реални, така што нашите обврски се сериозни. Со другите министри во овој Совет на ЕУ напорно ќе работиме на проширувањето и на односите ЕУ-Велика Британија и ќе ги започнеме разговорите за повеќегодишниот буџет на ЕУ, додаде Шлапка.

На состанокот, Шлапка ги претставил приоритети на Полското претседателство во областите во надлежност на Советот за општи работи, по што министрите или државните секретари за европски прашање на земјите членки на ЕУ размениле мислења за состојбата со владеењето на правото во Унгарија, Португалија, Романија и Словенија.

Банер Банер BrandEcho

Примерен приоритет на полското претседавање е зајакнување на европската безбедност во седум димензии – надворешната, внатрешната, кибер, економската, енергетската, прехранбената и здравствена.

Во овој контекст, Полското претседателство како свои приоритети ги утврди одбраната и безбедноста, заштитата на луѓето и границите, спротивставувањето на странското мешање и ширењето дезинформации, гарантирањето на безбедност и слобода на бизнисот, спроведувањето на енергетска транзиција, изградбата на конкурентно и прилагодливо земјоделство и обезбедувањето здравствена сигурност.

Во делот на надлежностите на Советот за општи работи, работата на Полското претседателство ќе се фокусира на заштитата на владеењето на правото, проширувањето на ЕУ и внатрешните реформи, спротивставувањето на странските манипулации и мешања, зајакнувањето на демократската отпорност на ЕУ и нејзиното соседство, развојот на соработката со Велика Британија и воспоставувањето основа за преговорите за новата Повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2028-2034 година.

Во рамки на дијалог за владеење на правото членовите на Советот имале опсежна размена на мислења за состојбата во оваа сфера во Унгарија, Португалија, Романија и Словенија, при што претставници на Европската комисија ги презентирале главните наоди од нејзиниот Извештај за владеење на правото за 2024 година.

По ова, претставници на секоја од четирите земји ги презентирале нивните ставови во однос на владеење на правото, за потоа да уследи круг на коментари и прашања од делегациите на останатите членки, кои ги споделиле своите искуства и најдобри практики во однос на споменатите прашања.

Следниот дијалог за владеење на правото предвидено е да се одржи на заседанието на Советот за општи работи на 27 мај годинава, при што фокусот ќе биде на состојбите во Словачка, Финска, Шведска и Белгија.

Покрај ова, француските претставници на состанокот го покренале прашањето за интегритетот на изборните процеси во Европа во контекст на растечката закана од странско мешање, а чешките презентирале нон-пејпер за потребата од „понатамошно унапредување на постепената интеграција на Украина и Молдавија во единствениот пазар на ЕУ“.

Од Сашко Панајотов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

САД го прекинуваат дијалогот со Косово поради загриженост за нестабилност

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО

Русија забележува рекорден раст во индустријата за оружје

Вучиќ најавува предвремени избори и одбива промена на Уставот за повторен претседателски мандат

Избори во Перу: Одложување на резултатите поради спорни гласачки ливчиња

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Дали Русија ќе прифати западни трупи во Украина?

Свет

Каде започна епидемијата на ханта вирус и каде се прошири?

Свет

Сијарто: На состанокот меѓу Трамп и Зеленски беше јасно кој е за мир, а кој за војна

Свет

Палестинското барање за полноправно членство во ОН е проследено до надлежниот Комитет

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?